Лев бек
32

Дарко Глишиќ

Роден: 
23.9.1991
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Вардаровиот лев бек, Дарко Глишиќ е роден на 23 септември 1991 година, во Скопје. За него, слободно може да се каже дека е „дете“ на Вардар, со оглед на тоа што потекнува од фудбалската школа, на нашиот клуб. Дресот со „црвено-црните“ бои, како член на првиот тим, за прв пат го облече во 2010 година, додека на домашната сцена настапуваше и за екипите на Скопје, Напредок и Тетекс. Покрај тоа, Глишиќ имаше и куса меѓународна кариера, играјќи за екипите на Олимпик од Сараево, односно грузискиот Динамо од Тбилиси. Во редовите на Вардар, повторно се врати на почетокот од сезоната 2014/15, давајќи го својот несебичен придонес во освојувањето на осмата првенствена титула, во првата македонска лига.