Центарфор
10

Дамир Којашевиќ

Роден: 
3.6.1987
Место: 
Подгорица
Црна Гора
Биографија 

Дамир Којашевиќ е роден на 3 јуни, 1987 година во Подгорица, главниот град на Црна Гора. Професионалната фудбалска кариера ја започнува на 20-годишна возраст во црногорскиот Дечиќ од Тузи. Во неговата родна земја има настапувано и за екипите на Зета, Будуќност и Младост, од каде што во зимскиот преоден рок од сезоната 2015/16, премина во редовите на Вардар. Во меѓувреме, Којашевиќ мина и неколку сезони во странство, како фудбалер на полските Јагиелонија Биалисток и Горник Лечна, најтрофејниот босански клуб Сараево и тимот на Астана од Казакстан.