Центарфор
18

Бојан Колевски

Роден: 
20.6.2000
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Младиот напаѓач Бојан Колевски е роден 2000 година, и тој е најмладиот играч во составот на Вардар во сезоната 2016/2017. Со само 16 години добива шанса да биде дел од првиот тим на „црвено-црните“. Дојде во зимскиот преоден рок во 2017 година од таборот на Металург Скопје, каде што ги мина сите младински категории. Го сметаат за еден од најталентираните напаѓачи во Македонија, а е дел од младинските селекции на нашата земја.