Централен играч за врска
10

Бобан Николов

Роден: 
28.7.1994
Место: 
Штип
Македонија
Биографија 

Македонскиот младински репрезентативец Бобан Николов, е роден на 28 јули 1994, во градот под Исарот, Штип. Како младинец, Николов беше дел од фудбалската академија, на прославениот романски фудбалски ас со потекло од Македонија, Ѓорѓе Хаџи. Откако ги мина соодветните возрасни категории, во школата на својот славен учител, Николов ја започна професионалната кариера, настапувајќи за романскиот прволигаш Виторул од Констанца, во периодот од 2012 до 2015 година. На почетокот од тековната натпреварувачка сезона, талентираниот штипјанец пристигна во редовите на нашиот клуб Вардар, како големо засилување на средината од теренот.