Стопер
6

Бобан Грнчаров

Роден: 
12.8.1982
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Нашиот искусен играч од одбранбените редови, Бобан Грнчаров е роден на 12 август 1982 година, во Скопје. Синот на вардаровата легенда Атанас Грнчаров, е фудбалер кој потекнува од младинската школа на нашиот клуб. За првиот тим на Вардар, дебитираше во сезоната 1999/00 со седум одиграни средби во „црвено-црниот“ дрес. Во својата богата интернационална кариера, Грнчаров настапуваше за екипите на српскиот ОФК Београд, украинските Металург Доњецк, Стал Алчевск и Тавриа Симферопол, потоа бегилските Гент и Лирс, израелскиот Макаби Петах Тиква, кипарскиот АПОЕЛ, како и за бугарскиот Ботев од Пловдив. Како докажан интернационалец, Грнчаров исто така одигра и 30 меѓународни натпревари за репрезентацијата на Македонија. На почетокот од сезоната 2014/15, нашиот дефанзивец направи своевиден „кам-бек“, во редовите на својот матичен клуб.