Дефанзивен играч за врска
23

Бесир Демири

Роден: 
1.8.1994
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Бесир Демири е роден на 1 август 1994 година во Скопје. Своите први фудбалски чекори ги почнува во фудбалската школа Бешикташ, а потоа заминува во Шкендија Арачиново. После настапите во дресот на Шкупи и на Шкендија Тетово, во зимскиот преоден рок во 2017 година доаѓа во Вардар. Својот прв настап во дресот на Вардар го имаше во февруари 2017 година. Демири е дел од младинската репрезентација на Македонија која што успеа да избори учество на Европското првенство во Полска 2017 година.