Десно крило
17

Ацо Стојков

Роден: 
29.4.1983
Место: 
Струмица
Македонија
Биографија 

Искусниот фудбалер од нападот Ацо Стојков, во својата фудбалска кариера беше дел од гигантот од Италија, тимот на Интер, а играше за Специја, потоа во многу клубови од странство меѓу кои: Горник Забрзе (Полска), Кастел ди Сангро (Италија), Ла Лувјер (Белгија), Партизан (Србија), Дебрецен и Ниреѓихаза од Унгарија, потоа во швајцарскиот тим Арау, и во Зоб Ахан (Иран). Стојков стана дел од Вардар во 2013 година, кога за брзо време од престојот во „црвено-црните“, ја освојува титулата првак на Македонија. На крајот на истата година заминува во романскиот клуб Ботошани, а потоа премина во Работнички, па, во Скендербег од Албанија. Во 2015 година повторно стана дел од Вардар. Тој е поранешен репрезентативец на Македонија со 40 настапи во дресот на националниот тим.