Домашен терен на ФК Вардар е Националната Арена Филип II. Со капацитет од 33.460 гледачи, спаѓа во 10-те најголеми стадиони на Балканот. Теренот се простира на 105 х 68 м. има два големи семафори кои се лоцирани на источната и западната страна, со големина од 18 x 6 m.

Националната Арена има 494 ВИП и 386 седишта за медиуми кои се наоѓаат на северната трибина. 80% од просторот на Арената Филип II е обезбеден во случај на лоши временски услови.
 
Национална Арена Филип II Македонски е мултифункционален спортски објект кој се наоѓа во Скопје, Македонија. Именувана е по кралот Филип II Македонски и моментално најчесто се користи за фудбалски натпревари. 

Еден од најпосетените натпревари на ФК Вардар се одигра на 25 јули 2012 година против ФК БАТЕ Борисов во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Западната трибина е познатата по Комитите, нашите најверни навивачи!