
ДОСЕГАШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ФК ВАРДАР
Вардар секогаш претставувал престиж за секого. Вардар е име со долга традиција, име со трофејна историја, име со светло минато, но сигурно и иднина...Низ историјата на фудбалскиот клуб Вардар се менувале многу раководства.
- Димче Беловски - прв претседателот на спортското друштво "Вардар" во период од 22.јули 1947 до 27.јули 1948
- Ангеле Божиновски - прв претседател на фудбалската секција на "Вардар" во период од 22.јули 1947 до 12.јануари 1950 година
- Живко Тодоровски - претседател на ФК Вардар од 12.јануари 1950 до јули 1951 година
- Перо Коробар - претседател на ФК Вардар од 1951 до 1959 година
- Ристо Бужаровски - претседател на ФК Вардар од 1960 до 18.јануари 1963 година
- Ванчо Цветковски - претседател на ФК Вардар од 1963 до 1965 година
- Кочо Китановски - претседател на ФК Вардар од 1965 до 1970 година
- Блажо Ристоманов - претседател на ФК Вардар од 1970 до 1976 година
- Душко Ѓоргиев - претседател на ФК Вардар од 1976 до 1978 година
- Џоџа Николовски - претседател на ФК Вардар од 1978 до 1985 година
- Ангел Симов - претседател на ФК Вардар 1984-1985 година
- Стојан Чамински - претседател на ФК Вардар од 1985 до 1989 година
- Филип Ѓурчиновски - претседател на ФК Вардар од 1989 до 1995
- Борче Дамев - претседател на ФК Вардар од 1995 до 1997
- Љубомир Чадиковски - претседател на ФК Вардар од 1997 до 1998
- Александар Трпевски - претседател на ФК Вардар од 1998 до 2003
- Драган Живковиќ - претседател на ФК Вардар од 2003 до 2004
Во периодот од 2004 до 2011 во ФК Вардар се менуваа многу раководни структури, и како претседатели на клубот во овој период се спомнуваат: Борче Ристевски, Васил Марковски – Циле, Трифун Костовски, Атанас Костовски, Орце Камчев, Ванчо Шехтански и Тони Костовски.
Во 2011 година за претседател на клубот е избран Зоран Шишковски кој ја извршува функцијата до 20ти Јануари 2014.
Од 20 Јануари 2014 година ФК Вардар преминува во приватна сопственост и е целосно купен од страна на Сергеј Самсоненко. Во моментот функцијата претседател на ФК Вардар ја извршува Мирко Спасески.