Генерацијата 2001/2002 денеска го почнува „Турнирот на пријателството“ во Златибор

Вардаровата генерација 2001/2002, денеска ќе го почне учеството на меѓународниот силен турнир во Златибор „Турнир на пријателството 2019“. 

Вардарци во 17 часот ќе ги одмерат силите со Динамо Загреб, а утре ќе го одиграат и вториот натпревар против Олимпија Љубљана во 13 часот. 

Екипите се поделени во четири групи по три екипи, и само најдобрите две продолжуваат во четвртфиналето на овој турнир. 

Освен Вардар, Динамо и Олимпија, учествуваат уште и Будуќност, Војводина, Сараево, Партизан, Марибор, Црвена Звезда...

вторник, 4 јуни 2019