Три генерации на Вардар учествуваат на „Пандев Куп“

Генерациите на Вардар за фудбалери родени 2002, 2003 и 2005 година, од денеска па до 4. август, ќе учествуваат на „Пандев Куп“, кој ќе се одржува во Скопје и во Струмица.

Генерацијата 2003 година веќе го одигра првиот натпревар, и оствари триумф над Беласица. Избраниците на Филип Деспотовски го совладаа својот противник утринава со резултат 3:1. Стрелци на головите беа Стојановски, Андревски и Ѓорѓовски. Утре оваа генерација ќе ги одмери силите со Национал, а потоа во четврток ќе игра против Академија Пандев. Сите натпревари се играат во Струмица.

Екипата 2002 година денеска од 18:15 часот ќе се сретне со екипата на Буба Мара на терените на ФФМ. Утре оваа екипа на истиот терен за противник ќе го има составот на Бенатул Темишвар (18:15 ч.), а ќе ги заврши натпреварите во групната фаза со натпревар против Победа (16:45 ч.) исто така на еден од терените на Федерацијата. 

Денеска првото коло од „Пандев Куп“ ќе го одиграат и екипата на Вардар 2005 година. Тие за противник ќе го имаат составот на Национал на натпревар кој ќе се одигра на еден од терените на ФФМ со почеток во 16:45 часот. Во второто коло на 1. август, оваа генерација ќе се сретне со Јагодина исто така на еден од терените на ФФМ во 16:45 часот, а последниот меч од групата се игра на 2. август исто така на ФФМ исто така во 16:45 часот против Еуроспорт Куманово.

Победниците и второпласираните од групата продолжуваат во полуфиналињата на овој турнир.

 

вторник, 31 јули 2018