Пандев Куп: Второ, трето и четврто место за младите „црвено-црни“

Заврши Пандев Куп, меѓународниот турнир на кој учествуваа и Вардарци со три генерации. 

Пионерската екипа на „црвено-црните“ предводена од Игор Кралевски беше подобар ривал во финалниот меч против романски Темишвар, меѓутоа победникот се решаваше преку пеналите. Таму повеќе среќа имаше противникот од Романија, и го освои првото место, а тоа значеше втора позиција за нашата генерација. Регуларниот дел заврши 1:1, а по пеналите Романците славеа со 5:4 на теренот во Ѓорче Петров. Меѓутоа оваа генерација ја освои индивудалната награда за најдобар играч на турнирот која заврши во рацете на Азер Омерагиќ.

Во битка за третото место, помладите пионери на Вардар го победија составот на Академија Пандев, и со тоа завршија како третопласирани на турнирот. Резултатот на крајот гласеше 1:0, а единствениот гол го постигна Славче Живков. Оваа генерација беше предводена од Филип Деспотовски. За најдобар голман на турнирот беше прогласен Вардаровиот чувар на мрежата Лука Стојковски. 

Генерацијата на Вардар 2005 година го освои четвртото место на турнирот откако денеска во натпреварот за третото место беше поразена од Академија Пандев со 3:0.

 

сабота, 4 август 2018