Младите вардарци со пораз и „реми“ на „Турнирот на пријателството“ во Златибор

Во двата одиграни натпревари на „Турнирот на пријателството“ во Златибор (Србија), генерацијата на Вардар 2001/2002, забележа еден пораз од Динамо Загреб и едно реми со Олимпија Љубљана. 

Првиот меч одигран вчера со Динамо, Вардар беше поразен со 2:0 (полувреме 1:0). Денеска и покрај водството над Олимпија, „црвено-црните“ одиграа само 1:1, откако словенечкиот тим израмни во вториот дел. 

Вардар и натаму може да оди во 1/4 финалето, само доколу утре Динамо Загреб го совлада тимот на Олимпија со два и повеќе голови разлика. 

Нашата екипа во Златибор ја предводеше Горан Петрески. 

 

среда, 5 јуни 2019