Младите екипи на Вардар убедливи на турнир во Несебар

Три генерации на Вардар вчера имаа успешни настапи на турнирот „Черно Море Куп 2019“ во Несебар (Бугарија). Сите триумфи беа остварени со убедлива разлика (6:1 и два по 5:0). 

Генерацијата 2005 година играше против Буграс Спорт, и оствари триумф од 6:1. Стрелци на головите беа Левковски 2, Николовски, Величковски, Таневски и Јакимовски. 

Генерацијата 2006 година победи против украинскиот тим Ника со 5:0. Стрелци на головите за Вардарци беа Алији кој постигна хет-трик, потоа Сековски и Трифуновски. 

Убедлив триумф и за генерацијата 2007 година против Локомотив Софија со 5:0 благодарение на головите на Томовски 2, Киш, Шаботиќ и Грашевски. 

сабота, 15 јуни 2019