Младите Вардарци ќе се борат за седмата позиција во Фоча

Можеби не според играта, но според резултатот словенечки Марибор беше подобар од Вардар во 1/4 финалниот натпревар на турнирот во Фоча (БиХ). Вардаровата генерација 2001 година со 1:0 беше поразена во првиот меч одигран вчера.

Избраниците на Златко Таневски денеска го почнаа разигрувањето за освојување на петтото место, а ривал им беше Будуќност од Црна Гора. Противничкиот тим беше подобар и победи со 7:1. На полувреме резултатот гласеше 3:1. Единствениот гол за Вардар беше дело на Игнатов кој што успеа да израмни на 1:1. 

 

сабота, 28 јули 2018