Генерацијата 2007 година го освои меѓународниот турнир во Несебар

Генерацијата 2007 на ФК Вардар го освои силниот меѓународен турнир „Црно Море Куп„ кој изминативе денови се играше во Несебар.

Избраниците на тренерот Драган Стефановски во финалето ја совладаа српската екипа Реал Ниш. Иако имаа негатива, сепак, младите Вардарци се издгинаа и направија пресврт преку Милош Спасовски и Михаил Јорданоски. 

Претходно во полуфиналето генерацијата ја совлада екипата на Зимбруг со 3:0, во 1/4 финалето Вардарци беа подобри од ФА Пловдив. 

Во групната фаза момците го освоија првото место. На овој турнир учевствуваа уште две генерации. Генерацијата 2005 година денеска ќе игра финале, додека генерацијата 2006 година го освои четвртото место. 

среда, 19 јуни 2019