Две победи и едно „реми“ на стартот на „Пандев Куп“

Откако генерацијата на Вардар 2003 година со победа над Беласица од 3:1 го започна „Пандев Куп 2018“, истото денеска го сторија и екипата составена од фудбалери родени 2002 година. Избраниците на Игор Кралевски го совладаа составот на Бубамара од Хрватска со 2:0. Стрелци на головите беа Салиу и Омерагиќ. 

Генерацијата 2005 година и покрај водството, на крај одигра нерешено 2:2. Цветков го донесе Вардар во водство од 1:0, а потоа Величковски донесе и 2:1, меѓутоа на крајот Национал од Бугарија успеа да дојде до еден бод. 

Утре на програмата се три натпревари. Генерацијата 2003 година ќе игра против Национал, 2002 ќе се сретне до Бенатул Темишвар, додека фудбалерите 2005 година ќе ги одмерат силите со Јагодина. 

вторник, 31 јули 2018