Турнир на пријателство: Вардарци поразени од Сараево

Откако вчера освоија еден бод против освојувачот Војводина, денеска младите Вардарци на „Турнирот на пријателство“ кој се одржува во Бјелина (БиХ), беа поразени од тимот на Сараево со 0:2. 

Тимот од Босна и Херцеговина триумфираше благодарение на головите на Николиќ и на Коњалиќ во 32 односно во 56. минута. 

Утре Вардаровиот тим ги завршува натпреварите од групната фаза со натпревар против Осиек (Хрватска). 

ВАРДАР - САРАЕВО    0:2 (0:1)

Судија: Ален Грухо. 

Стрелци: 0:1 Николиќ 32’, 0:2 Коњалиќ 56’

Ж. Картони: Астарџиев (В) - Ѓокановиќ (С).

ВАРДАР: Андонов, Гураковски (38’ Апостоловски), Мирчевски, Манасиевски, Бојковски, Астарџиев, Спировски (58’ Кртовци), Николов, Илиевски, Тодоров (38’ Хасановиќ), Асенов, Хасиќ (31’ Димовски). 

САРАЕВО: Диздаревиќ (58’ Кркалиќ), Гусињац, Исламовиќ, Чичкушиќ, Саблјица, Лијесниќ, Ѓокановиќ, Хасанчиќ (54’ Коњалиќ), Наргалиќ (42’ Газал), Јашаревиќ (54’ Сувалија), Николиќ (58’ Ѓевлан). 

 

среда, 7 јуни 2017