Помладите пионери знаат само за победи и на „контролите“

Помладите пионери на Вардар сезонава се неприкосновени. Имаат 13 победи од 14 натпревари, и само едно „реми“ во текот на сезоната. Оваа генерација која што е една од најдобрите продолжи да реди триумфи и во подготвителниот период. Има три победи од исто толку натпревари, и подготвена го чека продолжението од шампионатот, во кој ќе се атакува на двојна круна. 

Тренерот на оваа генерација е Сашо Тодоровски кој што е задоволен од текот на сезоната, и од тоа како се одвиваат подготовките на екипата. 

„Морам да бидам задоволен со настапите на оваа генерација која што оствари 13 победи и само еден нерешен резултат во 14 мечеви во првенството, и секако атакуваме на двојна круна во пролетниот дел од сезоната. Можам да бидам задоволен и од тоа како се одвиваат подготовките на тимот. Станува збор за една од најталентираните генерации. Згора на тоа често сме некомплетни поради тоа што дел од играчите настапуваат и во постарите генерации. Но, тоа не е ништо ново во нашиот тим“, изјави Тодоровски. 

Во подготвителниот период, пак, оваа генерација на играчи ги победи Работнички 2001 со 2:1, помладите пионери  на Македонија ЃП со убедливи 11:0, и на крајот Пирин со 4:1. Скор кој што ветува успешна полусезона. 

„Подготвени сме за вториот дел од сезоната. Не криеме дека ќе одиме да ги освоиме двете титули, и во првенството и во Купот. Покрај победите во првенството, триумфиравме и на сите три пријателски мечеви. Меѓутоа ќе треба да се оди чекор по чекор, натпревар по натпревар, полека да стигнеме до посакуваната цел. Во секој случај момците заслужуваат честитки, но напоменуваме дека пред нив има уште натпревари и нè чека уште многу работа за да го постигнеме она кое го посакуваме“, додаде Тодоровски. 

петок, 16 февруари 2018