Помладите пионери со двојна круна, по првенството, денеска го освоија Купот

Помладите пионери на Вардар денеска се закитија и со трофејот од Купот, само неколку дена откако го освоија пехарот во првенството. Избраниците на Филип Деспотовски по изведувањето на пеналите, го совладаа составот на Академија Пандев и се закитија и со овој трофеј. 

Вардар имаше неколку шанси уште во регуларниот дел да го реши мечот. Меѓутоа Георг Стојановски не успеа да погоди, а потоа во вториот дел Академија Пандев од 20 метри преку Каракамишев се закани, но голманот на Вардар Лука Стојковски беше одличен. 

Резултатот остана 0:0, па се прејде кон изведување на пеналите.

Академија Пандев имаше предност по првата серија, но потоа Вардар беше непогрешлив до петтата серија, а Академија Пандев погреши во втората и во петтата серија, со што Вардарци го почнаа славјето и на вториот трофеј оваа сезона. 

среда, 29 мај 2019