Помладите пионери на Вардар со вкупни 10:0 се пласираа во финале

Помладите пионери на Вардар денеска се четвртата екипа на „црвено-црните“ која обезбеди финале на Куп во младинските категории. Претходно тоа го сторија младинците, како и петлињата и помалите петлиња. 

После победата од 7:0 на првиот меч, денеска на реваншот против Њу Старс, младите Вардарци триумфираа со 3:0 на гостински терен, и со вкупни 10:0 се пласираа во финалниот меч. 

ЊУ СТАРС - ВАРДАР    0:3 (0:3)

Стадион на АМС во Ѓорче Петров. 

Судија: 

Стрелци: 0:1 Јовановски 18’, 0:2 Мирков 32’, 0:3 Мирков 40’

Ж. Картони: Вељановски (ЊС). 

Ц. Картон: Стефановски 20’ (ЊС). 

ВАРДАР: Јовчев, Марковски, Трпезановски, Стојчевски, Ѓоргоески, Ѓорѓиевски, Саит, Давидоски, Јовановски, Мирков, Андрески. 

Уште играа: Петковски, Исмаиљи, Лозановски. 

 

 

четврток, 11 април 2019