Помладите пионери на Вардар го подигнаа шампионскиот пехар

Помладите пионери на Вардар го подигнаа шампионскиот трофеј. Оваа генерација заслужено заврши на првото место, и тоа со дури 10 бодови предност пред останатите конкуренти. Во петокот на домашен терен со триумфот од 3:0 над Шкендија, генерацијата предводена од тренерот Филип Деспотовски заслужено дојде до шампионскиот трофеј. 

Тие во 27-те натпревари остварија скор од 20 победи, четири нерешени средби и три порази со гол разлика 68 дадени и 14 примени гола. Вардаровата одбрана беше најдобра во Лигата со најмалку примени голови. 

Оваа генерација на Вардар ќе се бори и за трофејот од Купот, откако во финалето на 29 мај ќе игра против Академија Пандев. 

недела, 26 мај 2019