Помладите пионери на Вардар го добија шампионскиот трофеј

Помладите пионери на Вардар денеска после последното одиграно коло, заслужено го подигнаа шампионскиот пехар во својата генерација. Најдобрата екипа ја заврши сезоната со 22 победи, четири нерешени средби и само еден пораз. Тие постигнаа 85 голови, примија само 17 во текот на сите 27 одиграни првенствени мечеви. 

Ова е трета генерација на „црвено-црните“ која што подигнува шампионски пехар. Претходно тоа го сторија и петлињата, односно генерациите 2003 и 2004 година. 

среда, 30 мај 2018