Помладите пионери на Вардар блиску до финалето на Купот

Помладите пионери на Вардар се многу блиску до обезбедување финале на Купот на оваа генерација, по убедливиот триумф од 7:0 во првиот натпревар од полуфиналето против Њу Стар одигран вчера на игралиштето на Фудбалската Академија на нашиот тим. 

Два гола беа дело на Мирков, два постигна и Хасани, а по еден Живков, Тасевски и Марковски за оваа убедлива победа со која „црвено-црните“ помлади пионери се веќе длабоко во финалниот меч каде ќе се борат за пехарот. 

Претходно во Купот 2:2 одиграа петлињата против Академија Пандев на гости, помалите петлиња ја совладаа Шкендија на гости со 0:3, а младинците со 2:1 го победија составот на Работнички. 

 

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ, КУП 1/2 ФИНАЛЕ

ВАРДАР - ЊУ СТАР  7:0 (4:0)

Игралиште на Фудбалската академија на ФК Вардар. 

Стрелци: 1:0 Мирков 15', 2:0 Хасани 19', 3:0 Мирков 23', 4:0 Хасани 43', 5:0 Живков 49', 6:0 Тасевски (п) 55', 7:0 Марковски 80'

ВАРДАР: Стојковски, Трпезановски, Давков, Ѓоргоски, Сељанац, Тасевски, Давидовски, Ѓивков, Мирков, Хасани. 

Уште играа: Андрески, Ѓорѓиевски, Марковски, Саит, Јовчев, Лозановски, Исмаиљи. 

петок, 29 март 2019