Одличен пресврт на помладите пионери во Струмица

Денеска Вардаровите пионерски екипи дојдоа до победите против својот ривал Академија Пандев на натпреварите одиграни во Струмица.

Импресивна победа со неверојатен пресврт остварија помладите пионери на „црвено-црните“ кои што и покрај негативата од 2:0 на 17 минути пред крајот на натпреварот, постигнаа дури четири голови, и ги освоија бодовите од овој натпревар. Стрелци беа Гугуљанов, Стојановски, Салиу и Радуловиќ - Величковиќ, кои што во рок од 11 минути ги дадоа сите погодоци.

Пионерската екипа, пак, далеку полесно дојде до триумфот. Тие имаа водство од 0:3 во 62. минута, а до крајот на мечот противникот успеа само да го ублажи поразот.

 

ПИОНЕРИ

АК. ПАНДЕВ - ВАРДАР  1:3 (0:2)

Општинско фудбалско игралиште во Струмица.

Судија: Киро Нистров (Струмица).

Стрелци: 0:1 Ристовски 26’, 0:2 Спировски 34’, 0:3 Игнатов 62’, 1:3 Тасевски 74’

Ж. Картони: Пеев, Митков, Тасев (АП).

АК. ПАНДЕВ: Панов, Ангелов, Бојковски, Стојков, Пеев, Коцев, Ангелов, Тасевски, Чукарски, Бабунски, Димитров.

Уште играа: Тасев, Купанов.

ВАРДАР: Андов, Ѓурковски, Николов, Астарџиев, Манасиевски, Цури, Спировски, Димоски, Ристовски, Хасановиќ, Игнатов.

Уште играа: Апостоловски, Асенов, Хасиќ.

 

ПОМ. ПИОНЕРИ

АК. ПАНДЕВ - ВАРДАР  2:4 (1:0)

Општинско фудбалско игралиште во Струмица.

Судија: Александар Пасков (Струмица).

Стрелци: 1:0 Стојанов 2’, 2:0 Глигоров 48’, 2:1 Гугуљанов 63’, 2:2 Стојановски 66’, 2:3 Салиу 70’, 2:4 Радуловиќ-Величковиќ 74’

Ж. Картони Василев (АП).

АК. ПАНДЕВ: Муканов, Манчев, Василев, Ѓорѓески, Глигоров, Талаков, Мишев, Стојанов, Станков, Парталко.

Уште играа: Стаменов, Спасов, Карамучев, Коцевски, Гогов.

ВАРДАР: Станковски, Хасани, Асани, Костовски, Крстевски, Мирков, Трајановски, Стојановски, Речица, Салиу, Гугуљанов.

Уште играа: Омерагиќ, Радуловиќ-Величковиќ.

недела, 24 септември 2017