Генерацијата 2004 година одигра пријателски меч со Раднички Ниш

Вардаровата екипа на фудбалери родени 2004 година, денеска одигра контролен натпревар со ОФК Раднички Ниш од Србија, кој што се играше на Фудбалската Академија на ФК Вардар во Скопје. 

„Црвено-црната“ екипа беше поуспешна и со 4:2 го совлада својот противник. Головите за нашата екипа беа дело на Попов, Павлески и на Гуџуфи, кој што два пати се запиша во листата на стрелците на овој пријателски меч.

среда, 29 ноември 2017