Сите победи на младите Вардарци во дуелите со Шкендија

Младите категории на Вардар зад себе имаа успешен викенд со остварени четири победи од исто толку натпревари во своите првенства над екипата на Шкендија.

Во пионерската Супер Лига, Вардарци го совладаа својот противник со 3:1. Стрелци на головите за нашиот тим беа Речица, Омерагиќ и Хасани. Беше 2:0 за Вардар на полувремето, потоа Шкендија успеа да намали, но во последните мигови од мечот потврден триумфот на Вардар.

Помладите пионери беа подобри од својот ривал со 2:1. Победата беше обезбедена на пет минути пред крајот со голот на нововлезениот Ќосески. Вардар поведе во 20. минута преку Стојановски, но на почетокот на вториот дел Шкендија успеа да израмни. Сепак, карактерот на екипата придонесе да биде постигнат уште еден гол за конечен триумф.

Со головите на Серафимов и два на Гуџуфи, петлињата на Вардар имаа водство од 3:0 над Шкендија во 55. минута. Противникот пред саиот крај само успеа да намали на 3:1 што беше конечен резултат.

Најубедлив триумф изминатиот викенд остварија помалите петлиња. Тие со 5:0 го совладаа составот на Шкендија. Уште во 5. минута Спасиќ донесе водство, а три минути подоцна погоди Величковски. На 3:0 зголеми Лефковски во 26. минута, 4:0 беше во 67. минуга кога во противничката мрежа стрелаше Галевски. Конечниот резултат го постави Гаштаров од пенал во 70. минута.

Младинскиот и кадетскиот тим на Вардар ќе гостува во Тетово на Шкендија на 19-ти септември. 

понеделник, 10 септември 2018