Победа, две „ремија“ и пораз за младите категории во последното коло

Денеска четири категории ги одигра последните натпревари од првенството во Македонија. Една победа, две нерешени средби и еден пораз остварија пионерските екипи и петлињата.

Пионерската екипа на Вардар триумфално ја заврши сезоната во својата категорија. Со головите на Игнатов и на Ибиши за само две минути, успеа да направи пресврт во дуелот со Македонија Ѓорче Петров, и да дојде до трите бода во овој натпревар.

Помладите пионери на Вардар одиграа нерешено 1:1 против Македонија Ѓорче Петров во последното коло од првенството. Тие имаа негатива на почетокот од вториот дел, но Радуловиќ-Величковиќ во 68. минута со одличен гол од слободен удар успеа да донесе израмнување, и на крај бод за Вардар кој што можеше да биде претворен и во три, ако беше искористена некоја од шансите во финишот од средбата. На крајот помладите пионери го подигнаа шампионскиот пехар како најдобри во својата категорија.

Генерацијата 2003 година загуби од Шкендија со 2:0, но веќе претходно ја обезбеди шампионската титула и ја подигна во своите раце.

Помалите петлиња, односно генерацијата 2004 година предводена од тренерот Игор Кралевски, одигра без голови на гостувањето кај Шкендија. Иако ослабена без неколку играчи кои настапуваат во поголемите категории, сепак, и оваа генерација која што имаше максимален број на победи, имаше шанси да оствари триумф и на оваа средба. Сепак, на крајот прв нерешен резултат и ппрв натпревар без победа во сезоната и тоа во последното коло. Оваа генерација покрај првенството, го освои пехарот и во Купот на Македонија.

 

ПИОНЕРИ

ВАРДАР - МАКЕДОНИЈА ЃП   2:1 (0:1)

Игралиште на Фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Марјан Младеновски (Скопје).

Стрелци 0:1 Исени 36’, 1:1 Игнатов 73’, 2:1 Ибиши 75’

Ж. Картони: Поповски (МЃП).

ВАРДАР: Андов, Спировски, Димоски, Митревски, Манасиевски, Бојковски, Ристовски, Речица, Игнатов, Туша, Ибиши.

Уште играа: Хасановиќ, Николов, Миленковски.

 

ПОМ. ПИОНЕРИ

ВАРДАР - МАКЕДОНИЈА ЃП   1:1 (0:0)

Игралиште на Фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Филип Николов (Скопје).

Стрелци: 0:1 Манџуковски 43’, 1:1 Радуловиќ-Величковиќ 68’

Ж. Картони: Величковски (В) - Баулоски (МЃП).

ВАРДАР: Станковски, Ѓорѓиевски, Крстевски, Костовски, Радуловиќ-Величковиќ, Фазљиу, К. Стојановски, Г. Стојановски, Петејчук, Демири, Гугуљанов.

Уште играа: Величковски, Симев, Шабани.

 

ПЕТЛИЊА (ГЕН. 2003 ГОД.)

ШКЕНДИЈА - ВАРДАР 2:0 (1:0)

Игралиште на АМС во Тетово.

Судија: Фатон Мустафи (Тетово).

Стрелци: 1:0 Демири 6’, 2:0 Шабани 79’

Ж. Картони: Шабани (Ш) - Мирков (В).

ВАРДАР: Рамадани, Марковски, Трпезановски, Исмаиљи, Давидоски, Јовановски, Стојановски, Прелоговски, Мирков, Сељанац, Алими.

Уште играа: Петрушевски, Тасевски, Н. Петковски, Б. Петковски, Хајдари.

 

ПОМ. ПЕТЛИЊА (ГЕН. 2004 ГОД.)

ШКЕНДИЈА - ВАРДАР 0:0

Игралиште на АМС во Тетово.

Судија: Хабиљ Љиворека (Тетово).

Стрелци: /

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Ангелов, Љушев, Анчевски, Павлески, Милошевски, Јаневски, Каровски, Гуџуфи, Стоимов, Серафимов, Курти.

Уште играа: Ибраим, Стојановски, Хајдари.

 

среда, 30 мај 2018