Пионерите несреќно поразени во финалето на Купот

Пионерската екипа на Вардар, за жал, претрпе пораз од Академија Пандев во финалето на Купот на Македонија одиграно денеска во Охрид. 

Момците на Петар Ѓоргиевски одиграа добар натпревар, имаа неколку шанси во текот на мечот, три пати ја погодија и рамката од голот на противникот (две стативи и една пречка), меѓутоа во финишот од средбата на три минути пред крајот на регуларниот дел несреќно примија гол, и на крајот не успеаја да го освојат и одбранат пехарот. 

Сепак, ова беше едно големо искуство за младите надежи на Вардар кои што и натаму ќе играат финалиња и ќе имаат можности да се борат за пехарите во поголемите генерации во иднина.  

ВАРДАР - АК. ПАНДЕВ      0:1 (0:0)

Охрид, стадион: „Билјанини Извори“. 

Судија: Александар Урошевиќ (Тетово). 

Стрелец: 0:1 Тасев 77’

Ж. Картони: Николов, Стојков, Коцев (АП) - Манасиевски (В). 

ВАРДАР: Андов, Петејчук, Димоски, Митревски, Манасиевски, Бојковски, Хасановиќ, Илиевски, Туша, Игнатов, Ибиши. 

Уште играа: Андоновски, Омерагиќ. 

среда, 16 мај 2018