Пионерите на Вардар „златни“ во Сараево

Во периодот од 18 до 21 јуни, се одржа турнир во Сараево под името „Играј фудбал, живеј живот“. Вардар учествуваше со пионерската екипа, која што успеа на крајот да го освои турнирот, односно да биде на највисокото место на победничкиот пиедестал. 

Пионерите на Вардар благодарение на победата над Будуќност во финалето од 2:0, успеаја да се закитат со пехарот. Давид Ристовски и Ветон Туша стрелаа во триумфот на нашиот тим во финалниот натпревар. Претходно во полуфиналето, нашите пионери успеаја да го совладаат тимот на Марибор. 

Покрај тимската, „црвено-црните“ ги освоија и поединечните награди. Матеј Андов беше прогласен за најдобар голман на турнирот, а Џемал Ибиши ја понесе наградата за најдобар стрелец. 

 

петок, 22 јуни 2018