Познати термините на одигрување на Куп финалињата во помлади категории

Во текот на оваа недела, две наши помлади категории ќе ги играат финалињата на Купот. Веќе се одредени термините и местата на одигрување на двата натпревари на тимот на пионерите, и на генерацијата 2004 година (помали петлиња). 

Пионерите за противник во финалето ќе го имаат тимот на Академија Пандев. Натпреварот ќе се игра во среда (16.05.2018 година) на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток во 17 часот. Пионерите го бранат овој трофеј кој го освоија минатата година на истиот стадион откако во финалето беа подобри од тимот на Работнички.

Помалите петлиња, односно генерацијата 2004 година, својот финален натпревар против Шкендија ќе го игра во четврток (17.05.2016 година) на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. мечот започнува во 10 часот. 

понеделник, 14 мај 2018