Две победи на пионерските екипи против Победа

Двете пионерски екипи на Вардар денеска остварија победи во дуелите со прилепска Победа на натпреварите одиграни на Фудбалската Академија на ФК Вардар во Скопје.

Пионерите со 3:1 го совлада својот противник, и тоа со пресврт, откако во 15. минута прилепчани поведоа. Меѓутоа Вардар направи песврт за само три минути, со двата гола на Туша. Победата на „црвено-црните“ пионери ја „запечати“ Илиевски во седмата минута од второто полувреме.

Помладите пионери, пак, победија со 2:0. Стрелец на двата гола беше Георг Стојановски. Тој погоди во 30. минута за водство, а потоа и во 69. минута за два разлика, предност која што беше задржана до крајот.

Утре младинската и кадетската екипа гостуваат во Прилеп, додека во Нова Колонија петлињата и помалите петлиња се гости на тимот на Скопје.

 

ПИОНЕРИ

ВАРДАР - ПОБЕДА         3:1 (2:1)

Игралиште на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Влатко Ѓошевски (Скопје).

Стрелци: 0:1 Царулески 15’, 1:1 Туша 17’, 2:1 Туша 20’, 3:1 Илиевски 47’

Ж. Картони: Ликоски (П).

ВАРДАР: Андов, Спировски, Мирчевски, Митревски, Манасиевски, Бојковски, Ристовски, Речица, Туша, Андоновски, Игнатов.

Уште играа: Илиевски, Хасановиќ, Стојковски, Димоски, Рушити, Цури, Миленковски.

 

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ

ВАРДАР - ПОБЕДА         2:0 (1:0)

Игралиште на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Стрелци: 1:0 Стојановски 30’, 2:0 Стојановски 69’

Ж. Картони: Ѓорѓиевски (В) - Симоноски (П).

ВАРДААР: Величковски, Ѓорѓиевски, Асани, Костовски, Радуловиќ-Величковиќ, Демири, Петејчук, Омерагиќ, Салиу, Стојановски, Гугуљанов.

Уште играа: Мирков, Алими, Фазљиу, Шабани, Симев, Исени.

сабота, 19 мај 2018