Четири помлади категории обезбедија следна фаза во Купот

Вчера четири помлади категории на Вардар, обезбедија пласман во полуфиналните натпревари од Купот во своите генерации. 

Генерацијата 2003 година во дербито против Шкендија одигра без голови, но оди во следната фаза, односно меѓу најдобрите четири во Купот на Македонија. 

Една година помладите фудбалери, генерацијата 2004 година, на убедлив начин стигна до триумфот над Милано со 8:0, и се пласираше во полуфиналето. 

Помладите пионери одиграа драматичен натпревар против Куманово Еуроспорт. Тие го загубија натпреварот со 3:0, но благодарение на победата во првиот меч од 4:0, се пласираше во следната фаза. 

Пионерите, пак, со триумфот над Македонија Ѓорче Петров од 4:1, се пласираа меѓу полуфиналистите во својата категорија. 

четврток, 23 ноември 2017