Генерацијата 2004 година подготвена за утрешното финале на Купот

Помалите петлиња, или генерацијата на Вардар фудбалери родени 2004 година, утре во 10 часот го играат финалето на Купот во својата категорија. Противник за момците на Игор Кралевски ќе биде екипата на Шкендија, а мечот ќе се игра на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. 

Младите играчи денеска ја имаа последната подготовка пред заминувањето во Охрид. Оваа генерација веќе ја освои титулата во Регионалната лига убедливо со 17 победи од исто толку натпревари, и сега се надева дека ќе дојде и до пехарот во Купот, и оваа успешна сезона ќе ја заокружи со двојна круна. 

Неколку фотографии од денешниот тренинг на помалите петлиња: 

среда, 16 мај 2018