Убедливи победи на сите младински категории на Вардар над Милано

Убедливи победи на сите младински категории на „црвено-црните“ по одиграното претпоследно коло викендов.

Младинската екипа уште во 24. минута имаше водство од 4:0, но натпреварот е прекинат поради недоволен фонд на играчи на гостинскиот тим. Имено, тие го почнаа мечот со осуммина, меѓутоа до таа 26. минута двајца се повредија, и судијата Урошевиќ мораше да го прекине натпреварот.

Кадетите на Вардар го совладаа својот противник со истиот резултат во 90. минутен натпревар. Ибиши постигна два гола, по еден дадоа Пешевски и Димов, и уште во првиот дел го решија победникот.

Пионерите на „црвено-црните“, пак, ја остварија најубедливата победа од сите четири младински категории. Тие го совладаа својот противник на негов терен со 7:1, и тоа по негатива во 10. минута. Меѓутоа Игнатов израмни во 25. минута, потоа четири минути подоцна Андоновски донесе водство. До полувремето Вардар имаше водство од 1:5. Во вториот дел уште два гола за овој убедлив триумф.

Со двата гола на Петејчук и по еден на Фазљиу и на Радуловиќ – Величковиќ, помладите пионери на Вардар како гости исто така отварија победа над Милано со 4:0.

Петлињата имаа славенички викенд, со оглед дека двете категории ги добија шампионските титули во саботата. Во среда победнички пехар ќе подигнат и помладите пионери на Вардар кои што ја завршија сезоната како првопласирани во својата категорија.

 

МЛАДИНЦИ

ВАРДАР – МИЛАНО 4:0 (ПРЕК. 26’)

Игралиште на Фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Александар Урошевиќ (Тетово).

Стрелци: 1:0 Јахја 4’, 2:0 Јахја 9’, 3:0 Јахја 15’, 4:0 Бериша 24’

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Петковски, Тасев, Наумчески, Младеновски, Јахја, Јусуф, Маркоски, Бериша, Ѓорѓиески, Велковски, Дишлиевски.

* Натпреварот е прекинат поради недоволен број на играчи на гостинската екипа. Го почнаа мечот со осум фудбалери, но се повредија уште двајца, па немаше услови мечот да продолжи во 2. минута

 

КАДЕТИ

ВАРДАР – МИЛАНО 4:0 (4:0)

Игралиште на Фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Фуркан Идризи (Тетово).

Стрелци: 1:0 Ибиши 3’, 2:0 Ибиши 12’, 3:0 Пешевски 20’, 4:0 Димов 45’

Ж. Картони: Пешевски (В) – Стојановиќ (М).

ВАРДАР: Тимевски, Радевски, Пешевски, Ѓурковски, Митревски, Омерагиќ, Игнатов, Петковски, Ибиши, Димов, Ристовски.

Уште играа: Адем, Димоски, Николов, Манасиевски, Младеновски.

 

ПИОНЕРИ

МИЛАНО – ВАРДАР 1:7 (1:5)

Градски стадион во Куманово.

Судија: Валтон Маличи (Липково).

Стрелци: 1:0 Реџепи 10’, 1:1 Игнатов 25’, 1:2 Андоновски 29’, 1:3 Спировски 34’, 1:4 Туша 36’, 1:5 Бојковски 40’, 1:6 Туша 50’, 1:7 Димоски 62’

Ж. Картони: Реџепи, Арифи (М) – Миленковски, Бојковски (В).

ВАРДАР: Андов, Мирчевски, Рушити, Цури, Манасиевски, Бојковски, Спировски, Речица, Андоновски, Туша, Игнатов.

Уште играа: Ѓурковски, Ристовски, Миленковски, Станковски, Димоски.

 

ПОМ. ПИОНЕРИ

МИЛАНО – ВАРДАР 0:4 (0:2)

Градски стадион во Куманово.

Судија: Мирче Николиќ (Куманово).

Стрелци: 0:1 Фазљиу 1’, 0:2 Петејчук 38’, 0:3 Радуловиќ-Величковиќ 72’, 0:4 Петејчук 75’

Ж. Картон: Сељанац (В).

ВАРДАР: Величковски, Демири, Крстевски, Костовски, Радуловиќ-Величковиќ, Фазљиу, Алими, Стојановски, Петејчук, Мирков, Мирков, Гугуљанов.

Уште играа: Давидоски, Сељанац, Стојковски, Исени, Симев.

понеделник, 28 мај 2018