Трофејот од младинскиот Куп во рацете на Вардар!

Со убедлива победа од 4:0, младинците на Вардар го совладаа составот на Шкендија, и се закитија со младинскиот Куп. Вардар имаше предност од 3:0 на полувремето, предност стекната за само 9. минути, а во вториот дел од пенал само го зголемија водството, и се закитија со овој трофеј. 

Давид Велковски во 10. минута донесе 1:0, а истиот играч во 16. минута погоди за 2:0. Во 19. минута Ибиши со прекрасен гол успеа да донесе и 3:0. 

Во второто полувреме противникот два пати се закани, но Вардар успеа да се одбрани, за во 84. минута да постигне уште еден гол за водство од 4:0. Пенал беше направен над Адем, а самиот тој го изведе ударот од белата точка за 4:0 на крајот со што славјето можеше да почне. 

Пехарот го подигна капитенот Али Адем, а потоа тој заврши во рацете на сите младинци на нашиот тим. 

КУП НА МАКЕДОНИЈА МЛАДИНЦИ – ФИНАЛЕ
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР    0:4 (0:4)
Тренинг центар „Петар Милошевски“ во Скопје. 
Судија: Марјан Дејановски (Кичево).
Стрелци: Велковски 10’, 16’, Ибиши 19’, Адем 84’ (п)
ШКЕНДИЈА: Абази, Мустафа, Реџепи, Шахини, Бахија, Рамиќ, Реџепи, А. Рамадани, Ф. Рамадани, Мазари, Љума. 
Уште играа: Спахиу, Каримани, Јакупи, Салмани, Арслани, Амети.
ВАРДАР: Андов, Радевски, Тасев, Ѓорѓиески, Наумчески, Стојчески, Велковски, Адем, Колевски, Димоски, Ибиши. 
Уште играа: Божиновски, Пешевски, Јусуф, Петковски.

вторник, 21 мај 2019