Триумфален крај на сезоната на младинците и на кадетите

Младинската и кадетската екипа на Вардар, со победи ги завршија првенствата во своите категории. Денеска овие два тима беа подобри на гостински терен од Македонија Ѓорче Петров.

Младинците со пресврт во вториот дел дојдоа на крај до триумф од два разлика. Адем на стартот од вториот дел израмни, Јахја донесе водство, а Маркоски пред самиот крај стави точка на триумфот на „црвено-црните“.

Кадетскиот тим, пак, уште во првиот дел го реши прашањето околу победникот. Ристовски и Ибиши погодија во противничката мрежа во првото полувреме, за во продолжението на мечот Младеновски постигна трет гол за Вардар за конечен триумф.

 

МЛАДИНЦИ

МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР       1:3 (1:0)

Стадион во Ѓорче Петров.

Судија: Влатко Ѓошевски (Скопје).

Стрелци: 1:0 Емини 29’, 1:1 Адем 48’, 1:2 Јахја 77’, 1:3 Маркоски 89’

Ж. Картони: Пирков (МЃП) - Бериша (В).

ВАРДАР: Петковски, Младеновски, Серафимов, Ѓорѓиески, Јахја, Адем, Дишлиевски, Марковски, Бериша, Велковски, Тасев.

Уште играа: Јусуф, Хасановиќ.

 

КАДЕТИ

МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР       0:3 (0:2)

Стадион во Ѓорче Петров.

Судија: Билјана Атанасовски (Скопје).

Стрелци: 0:1 Ристовски 3’, 0:2 Ибиши 38’, 0:3 Младеновски 82’

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Тимевски, Радевски, Николов, Пешевски, Димоски, Благојевиќ, Младеновски, Ибиши, Петковски, Димов, Ристовски.

Уште играа: Петејчук, Митревски, Игнатов, Манасиевски, Радуловиќ-Величковиќ.

четврток, 31 мај 2018