Младинските категории викендов ги стартуваат првенствата

Четири Вардарови младински категории викендов против Македонија Ѓорче Петров, го играат првото коло во своите првенства. 

Младинците и кадетите на домашен терен го пречекуваат составот од Ѓорче Петров во сабота (01.09) на теренот во населбата Аеродром. Младинците почнуваат во 10 часот, а кадетите во 12 часот.

Пионерите и помладите пионери играат на гостински терен против истиот тим. На теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров во недела (02.09), пионерите својот меч го почнуваат во 10 часот, додека два часа подоцна со натпреварот стартуваат и помладите пионери.

Инаку во овие четири генерации назначени се нови тренери. Младинците ќе бидат предводени од Андон Андовски, додека тренерското место на кадетите е за некогашниот капитен на Вардар, Златко Таневски. Игор Кралевски ќе ја предводи пионерската екипа, додека помладите пионери во иднина ќе ги води Филип Деспотовски.

четврток, 30 август 2018