Младинците поразени, кадетите со победа над Ак. Пандев

Половичен успех на две помлади екипи на Вардар на денешното гостување во Струмица кај Академија Пандев.

Младинците беа поразени со 2:0 од своите врсници. Димовски го донесе домашниот тим во водство во 25. минута, додека на две минути пред крајот Размоски стави печат на победата на својата екипа.

Кадетите, пак, дијаметрално спротивно, со убедлив триумф се вратија од Струмица. Триумф од 3:0 на теренот на противникот, а „херој“ на овој триумф беше Милан Благојевиќ кој постигна два гола, а еднаш еден играч на Академија Пандев сам си ја затресе мрежата.

Затоа, пак, победнички успех имаа генерациите 2003 и 2004 година во денешните дуели со Њу Старс. Генерацијата 2004 година го совлада својот противник со 5:0, додека генерацијата 2003 година беше победник со 4:0.

МЛАДИНЦИ

АК. ПАНДЕВ - ВАРДАР  2:0 (1:0)

Општинско игралиште во Струмица.

Судија: Доне Ристовски (Гевгелија).

Стрелци: 1:0 Димовски 25’, 2:0 Размоски 88’

Ж. Картони: Размоски, Ивановски, Скендери (АП) - Дишлиевски, Реџепи (В).

АК. ПАНДЕВ: Денковски, Стојчевски, Трајков, Делевски, Насковски, Ивановски, Скендери, Размоски, Спасов, Антонов, Димовски.

Уште играа: Величковски, Наков.

ВАРДАР: Велковски, Дишлиевски, Антовски, Ѓорѓиески, Серафимов, Наумчески, Трајчевски, Милковски, Јахја, Маркоски, Реџепи.

Уште играа: Битиќи.

 

КАДЕТИ

АК. ПАНДЕВ - ВАРДАР  0:3 (0:1)

Општинско фудбалско игралиште Струмица.

Судија: Кристијан Гаревски (Валандово).

Стрелци: 0:1 Иванов (а.г.) 23’, 0:2 Благојевиќ 55’, 0:3 Благојевиќ 78’

Ж. Картони: /

АК. ПАНДЕВ: Ковачевиќ, Ивнаов, Стојков, Ристовски, Крстев, Донов, Тасевски, Манчев, Николов, Наумовски, Киров.

Уште играа: Коцев, Димитров, Бабунски, Чукарски, Јакимовски.

ВАРДАР: Тимовски, Радевски, Калчиноски, Пешевски, Младеновски, Димов, Хасановиќ, Стојаноски, Благојевиќ, Димоски, Ибиши.

Уште играа: Дарлишта, Илиевски, Ѓурковски, Младеновски, Филипоски, Ристовски.

сабота, 2 декември 2017