Mладинците нови шампиони на Македонија

На само едно коло до крај нашиот младински тим ја завери титулата во Супер лигата, по победата против врсниците од тетовска Ренова со 1-0.

Денес во Тетово на гостински терен на стадионот Камењане, младинците на нашиот клуб со почеток од 12 часот го одиграа дуелот против Ренова. Избраниците на тренерот Љупчо Марковски на овој дуел победија со 1-0 откако во 54. минута Стефан Тасески ја затресе мрежата на противникот. Тоа беше и единствениот погодок кој го реши натпреварот. Со оваа победа младинците ги задржаа четирите бода предност пред тимот на Академија Пандев и ја осигураа шампионската круна. Низ целата сезона тие имаа учинок од 15 победи, три нерешени и во две средби останаа без бодови. Со освоени 51 бод и уште еден меч до крајот тие официјално се шампиони во Македонија.

Младинците ќе имаат можност и за двојно славје, освен веќе освоената титула да стигнат до Купот на Македонија во својата категорија. На 19 мај играат во финалето на ова натпреварување против Акедемија Пандев. Навистина богата и плодна сезона за момчињата предводени од популарниот Калц кои имаат големи шанси да се закитат со две блскави признанија, со што ќе се награди вложеното и стореното.

Ренова – Вардар 0-1

Фудбалски стадион „Камењане“, во Тетово.

Стрелци: Стефан Тасевски 54’ – Вардар

Вардар: Трајчевски, Личина, Ричков, Исмаил, Јошевски, Додевски, Тасески, Кремчески, Димитровски, Даци, Апостоловски.

сабота, 14 мај 2016