Младинците на Вардар се пласираа во финалето на Купот

Првотимецот на Вардар кој денеска беше прекомандуван во младинскиот тим Џемал Ибиши,донесе младинско финале на Купот со голот и победата на реваншот против Работнички.

Ибиши беше стрелец во 26. минута, и после победата од првиот меч од 2:1, сега Вардарци повторно победуваат, и со вкупни 3:1 се пласираа во големото финале каде што ќе се сретнат со Шкендија.

Денеска Куп финале обезбедија уште две младински категории. Станува збор за петлињата и помалите петлиња.

 

РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР               0:1 (0:1)

вкупен резултат: 1:3

Игралиште на Алумина во Скопје.

Судија: Игор Стојчевски (Скопје).

Стрелец: 0:1 Ибиши 26’

Ж. Картони: Хасан, Симоновски (Р) - Адем (В).

ВАРДАР: Андов, Радевски, Ѓорѓиески, Наумчески, Стојчески, Велковски, Адем, Колевски, Реџепи, Ибиши, Димоски.

Уште играа: Пешевски, Јусуф, Божиноски, Тасев, Петковски.

среда, 10 април 2019