Вардаровите младинци и пионери со високи победи

Изминатиот викенд сите младински категории на Вардар ги одиграа своите првенствени натпревари, и шесте екипи немаа пораз, односно завршија со пет победи и еден нерешен резултат.

Младинскиот тим оствари убедлив триумф од 5:1, благодарение на трите гола на Јусуф, а по еден дадоа Велковски и Пешевски.

Кадетите одиграа 2:2. Најпрво имаа негатива, а потоа успеаја да направат пресврт, но гостите од пенал стигнаа до еден бод.

Пионерската екипа оствари триумф на гостувањето кај Њу Старс со 4:0, додека минимален триумф со истиот противник остварија и помалите пионери.

Во регионалната лига, петлињата и помалите петлиња остварија победи како домаќини против Њу Старс.

 

МЛАДИНЦИ

ВАРДАР - ЊУ СТАРС       5:1 (3:0)

Терен на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Никола Костенчев (Скопје).

Стрелци: 1:0 Јусуф 28’, 2:0 Велковски 40’, 3:0 Јусуф 44’, 4:0 Јусуф 55’, 4:1 Ѓорѓијев 83’ (п), 5:1 Пешевски 89’

Ж. Картони: Андов, Тасев (В) - Богдановски (ЊС).

ВАРДАР: Андов, Радевски, Пешевски, Наумчески, Стојчески, Велковски, Ѓорѓиески, Јусуф, Димоски, Тасев, Божиноски.

 

КАДЕТИ

ВАРДАР - ЊУ СТАРС       2:2 (0:1)

Терен на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Судија: Даниел Василевски (Скопје).

Стрелци: 0:1 Мустафа 7’, 1:1 Ѓурковски 48’, 2:1 Фазљиу 54’, 2:2 Трпчевски 75’ (п)

Ж. Картони: Ристовски, Игнатов, Цури (В) - Здравковски, Манасиевски (ЊС).

ВАРДАР: Величковски, Зендели, Николов, Митревски, Бојковски, Игнатов, Ристовски, Спировски, Ѓурковски, Мирчевски, Цури.

Уште играа: Фазљиу, Рушити, Попоски, Ангелковски, Костовски.

 

ПИОНЕРИ

ЊУ СТАРС - ВАРДАР       0:4 (0:1)

Стрелци: 0:1 Радуловиќ-Величковиќ 29’, 0:2 Радуловиќ-Величковиќ 60’, 0:2 Асани 66’, 0:4 Радуловиќ-Величковиќ 86’

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Стојковски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Хасани, Трајановски, Омерагиќ, Радуловиќ-Величковиќ, Салиу.

Уште играа: Игнатов, Ѓурковски, Фазљиу, Симев, Демири.

 

ПОМ. ПИОНЕРИ

ЊУ СТАРС - ВАРДАР       0:1 (0:1)

Стрелец: 0:1 Стојановски 16’

Ж. Картони: Миткоски (ЊС) - Давков, Стојчевски (В).

ВАРДАР: Јовчев, Јовановски, Давков, Стојчевски, Ѓоргоски, Сељанац, тасевски, Давидоски, Стојановски, Мирков, Живков.

Уште играа: Андрески, Трпезановски, Ѓорѓиевски.

 

РЕГ. СКОПСКА ЛИГА - ПЕТЛИЊА

ВАРДАР - ЊУ СТАРС       5:0 (2:0)

Игралиште на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Стрелци: 1:0 Ибраим 5’, 2:0 Ибраим 12’, 3:0 Јаневски 50’, 4:0 Дошев 53’, 5:0 Дошев 77’

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Ангелов, Павлески, Љушев, Каровски, Јаневски, Ибраим, Идризи, Гуџуфи, Анчевски, Хајдари, Серафимов.

Уште играа: Дошев, Мишовски, Попов, Перковски, Стоимов, Стојановски, Ѓорѓиевски.

 

РЕГ. СКОПСКА ЛИГА - ПОМ. ПЕТЛИЊА

ВАРДАР - ЊУ СТАРС       4:0 (2:0)

Игралиште на фудбалска Академија на ФК Вардар.

Стрелци: 1:0 Величковски 20’, 2:0 Цветков 30’, 3:0 Уневски 60’, 4:0 Таневски 68’

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Илиевски, Јакимовски, Сековски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Кулуковски, Таневски, Цветков, Галевски, Коловски.

Уште играа: Филевски, Уневски, Јовановски, Конески, Антевски, Каланоски, Стефаноски.

 

 

понеделник, 8 април 2019