Млади категории: Младинците убедливи, победи за помладите пионери и петлињата

Викендов шест млади категории на Вардар ги одиграа своите натпревари во првенствата. Најубедлив триумф од сите оствари младинската екипа која што со 4:0 го порази својот ривал Њу Старс.

Стрелци на головите за младинската екипа беа Наумчевски, Јусуф, Младеновски и Велковски. Инаку дел од играчите се повремени првотимци на „црвено-црните“.

Кадетите беа минимално поразени од истиот противник, додека пионерите одиграа 2:2. На натпреварот на пионерите помеѓу Њу Старс и Вардар се случи и една незгода. Имено, поради судар голманот на Вардар Кристијан Китановски кој влезе во вториот дел, се здоби со тешка повреда, по што мораше да биде пренесен во болница. Тој сега се чувствува добро, но лекарите му препорачаа да мирува.

Помладите пионери остварија триумф од 2:0. Петлињата беа поразени од Милано со 1:0, додека помладите петлиња одиграа 2:2 со истиот противник на гостински терен.

 

МЛАДИНЦИ

ВАРДАР - ЊУ СТАРС       4:0 (1:0)

Игралиште на АМС во н. Аердором.

Судија: Ивана Пројковска (Скопје).

Стрелци: 1:0 Наумчевски 32’, 2:0 Јусуф 61’, 3:0 Младеновски 82’, 4:0 Велковски 90’

Ж. Картони: Стојчески (В)  - Јашари (МЃП)

ВАРДАР: Андов, Радевски, Пешевски, Наумчески, Велковски, Младеновски, Јусуф, Реџепи, Божиноски, Тасев.

Уште играа: Радуловиќ-Величковиќ, Гугуљанов, Салиу, Петковски.

 

КАДЕТИ

ВАРДАР - ЊУ СТАРС       0:1 (0:0)

Игралиште на АМС во н. Аеродром.

Судија: Владимир Ризоски (Скопје).

Стрелец: 0:1 Трпчевски 68’

Ж. Картони: Мирчевски, Манасиевски (В) - Здравковски, Исени (ЊС).

ВАРДАР: Китановски, Зендели, Николов, Митревски, Манасиевски, Спировски, Цури, Ѓурковски, Крстевски, Мирчевски, Петејчук.

Уште играа: Хасановиќ, Попоски, Омерагиќ, Ангелковски.

 

ПИОНЕРИ

ЊУ СТАРС - ВАРДАР       2:2 (2:1)

Игралиште на АМС во Ѓорче Петров.

Судија: Дејан Младеновски (Скопје).

Стрелци: 0:1 Омерагиќ 17’, 1:1 Димитриевски 35’, 2:1 Ѓорѓијев (п) 40’, 2:2 Омерагиќ 49’

Ж. Картони: Крстевски (ЊС) - Омерагиќ, Радуловиќ-Величковиќ (В).

ВАРДАР: Величковски, Петејчук, Гугуљанов, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Хасани, Омерагиќ, Игнатов, Салиу, Демири.

Уште играа: Китановски, Ѓурковски.

 

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ

ЊУ СТАРС - ВАРДАР       0:2 (0:0)

Играчиште на АМС во Ѓорче Петров.

Судија: Кристијан Ѓуровски (Скопје).

Стрелци: 0:1 Андрески 58’, 0:2 Живков 62’

Ж. Картони: Миткоски (ЊС) - Стојановски (В).

ВАРДАР: Стојковски, Трпезановски, Давков, Ѓиршиевски, Ѓоргоски, Сељанац, Тасевски, Давидоски, Стојановски, Мирков, Живков.

Уште играа: Андрески, Марковски, Саит, Јовчев, Исмаиљи, Петковски, Лозановски.

 

ПЕТЛИЊА

МИЛАНО - ВАРДАР        1:0 (1:0)

Градски стадион во Куманово.

Судија: Стефан Петровски (Куманово).

Стрелец: 1:0 Мурати 36’

Ж. Картони: Гуџуфи, Јаневски, Милошевски (В).

ВАРДАР: Ангелов, Павлески, Љушев, Каровски, Милошевски, Јаневски, Ибраим, Идризи, Гуџуфи, Серафимов, Перковски.

Уште играа: Хајдари, Попов, Стојановски, Дошев.

 

ПОМ. ПЕТЛИЊА

МИЛАНО - ВАРДАР        2:2 (2:1)

Градски стадион во Куманово.

Судија: Мирче Николиќ (Куманово).

Стрелци: 0:1 Гаштаров 9’, 1:1 Шабани 20’, 2:1 Мумиши 35’, 2:2 Цветков (п) 79’

Ж. Картони: Сулимани, Мемеди (М) - Цветков, Ристовски, Лефковски, Коловски (В).

ВАРДАР: Илиевски, Ристовски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Лефковски, Кулуковски, Таневски, Цветков.

Уште играа: СЕковски, Галевски, Антевски, Филевски, Уневски, Каланоски, Коловски.

 

 

недела, 31 март 2019