Вардарци трети на турнирот во Фоча

После денешниот триумф над Марибор од 2:1, кадетскиот тим на Вардар го освои третото место на меѓународниот турнир во Фоча (БиХ). 

Вардарци ја победија Сутјеска со 1:0 за пласман во полуфиналето, каде што после тешка борба беа поразени со 1:0. Во мечот за третото место денеска стрелци на головите беа Адем и Благојевиќ. 

Ова беше драгоцено искуство за младите Вардарци кои што играа против силни екипи и стекнаа драгоцено искуство пред почетокот на новата сезона во првенствата за помладите категории. 

недела, 30 јули 2017