Турнир во Фоча: Кадетите поразени во полуфиналето

Кадетската екипа на Вардар, вечерва после голема борба, претрпе пораз од Риека со 1:0 на турнирот во Фоча (БиХ). После триумфот на Сутјеска, нашиот тим обезбеди место меѓу најдобрите четири, меѓутоа хрватскиот тим се пласираше во финалето после тврдиот меч одигран вечерва. 

Утре младите Вардарци ќе се борат за освојување на третото место против словенечкиот тим Марибор. 

сабота, 29 јули 2017