„Реми“ на кадетите во првото полуфинале од Купот

Кадетскиот тим на Вардар на денешниот прв натпревар во полуфиналето од Купот против Академија Пандев одигра нерешено 1:1. 

Нашата екипа имаше водство стекнато во 71. минута со голот на Дејан Маркоски. Меѓутоа на три минути пред крајот на регуларниот дел Академија Пандев стигна до израмнување што беше конечен резултат. 

Кадетите на реваншот кој што ќе биде игран во Струмица ќе се обидат да влезат во финалето на Купот и да се борат за освојување на пехарот. 

четврток, 27 април 2017