КУП НА РМ: Кадетите и генерацијата 2002 година по пласман во финале

Денеска две помлади Вардарови генерации ги играат реваншите од полуфиналињата во Купот на Република Македонија, каде што ќе се обидат да обезбедат финале. 

Кадетската екипа на Вардар патува во Струмица каде што го игра реваншот против Академија Пандев. После првиот натпревар кој заврши без победник 1:1, Вардарци мора да постигнат барем еден гол ако сакаат да се надеваат на пласман во големото финале. 

Генерацијата 2002 година, пак, веќе е во финалниот натпревар. Тие денеска на домашен терен, на фудбалската Академија на ФК Вардар, играат против Талент од Битола. После првиот меч нашиот тим има предност од убедливи 3:0, и сега треба само да го потврдат пласманот во финалниот меч. 

Утре реваншите од Купот ќе ги одиграат и младинците, пионерите и генерацијата 2003 година. 

среда, 3 мај 2017