Кадетите заминуваат во Дојран на подготовки

Кадетската екипа на Вардар утре (16-ти февруари) заминува во Дојран каде што ќе одработи дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната. „Црвено-црните“ предводени од тренерот Влатко Колев за време на престојот во Дојран, ќе одиграат и два пријателски натпревари.

„Утре одиме во Дојран и остануваме до 22 февруари. Во овие шест дена ќе работиме на сите сегменти во екипата, а главен акцент ќе биде ставен на воигрувањето, и за таа цел ќе одиграме и две контролни средби со младинците на Брегалница и со првиот тим на третолигашот Василево.“, изјави тренерот Колев.

Екипата е засилена со Јакуп Бериша кој што доаѓа од пионерската екипа на Вардар, додека Дејан Маркоски, пак, им се приклучи на младинците на нашиот тим.

„Нема некои поголеми промени во екипата. Играчите се истите од есенскиот дел, плус ни се приклучи Јакуп Бериша од пионерската екипа, а Дејан Маркоски, пак, од нашата генерација замина во младинците. Тоа се само две измени, инаку во целина сето друго е исто“, вели Колев.

Претходно во Дојран на подготовки беа и пионерите и помладите пионери на Вардар.

четврток, 16 февруари 2017