Кадетите на Вардар несреќно елиминирани од Купот

После првиот натпревар кадетскиот тим на Вардар имаше негатива од 2:1 по одиграниот меч со Шкендија во Тетово. На денешниот реванш одигран на Фудбалската Академија на ФК Вардар, Вардарци имаа позитива од истиот резултат, меѓутоа на крајот противникот успеа да постигне уште еден гол и да се пласира во следната фаза. 

Вардар поведе во финишот од првиот дел кога Ибиши беше прецизен во мрежата на Шкендија. Водството траеше до 61. минута кога Шкендија израмни преку Реџепи. Сепак, во 85. минута играчот Реџепи донесе ново водство на Вардарци. Истото не траеше многу, затоа што веќе во следната минута Шкендија успеа да постигне погодок и со 2:2 да се пласира во следната фаза, во полуфиналето од кадетскиот Куп. 

 

ВАРДАР - ШКЕНДИЈА   2:2 (1:0)

вкупен резултат: 3:4

Фудбалска Академија на ФК Вардар. 

Судија: Филип Ивановски (Куманово).

Стрелци: 1:0 Ибиши 43’, 1:1 Реџепи 61’, 2:1 Реџепи 85’, 2:2 Каримани 86’

Ж. Картони: Битиќи, Реџепи, Адем, Антовски (В) - Мемиши, Шахини, Рамадани (Ш). 

ВАРДАР: Тимевски, Радевски, Каличноски, Ѓурковски, Битиќи, Адем, Ибиши, Ѓорѓиески, Димоски, Дарлишта, Наумчески. 

Уште играа: Благојевиќ, Бериша, Димов, Реџепи, Антовски, Пешевски. 

ШКЕНДИЈА: Абази, Реџепи, Рамиќ, Каримани, Рамадани, Хајредини, Мемиши, Шахини, Рамадани, Бакија, Гаши. 

Уште играа: Љума, Реџепи, Јакупи, Синани, Демири. 

четврток, 30 ноември 2017