Вардарова доминација во завршницата на Детските лиги

Вардаровите тимови за фудбалери родени 2006, 2007 и 2008 година станаа шампиони на Македонија во Детските Лиги за сезоната 2018/2019. 

Трите генерации кои го освоија првото место, се најмногубројни од една екипа, со што уште еднаш Вардарци ја потврдија доминацијата во Детските Лиги. 

Вардаровата генерација 2006 година предводена од Филип Спасески во финалето ја совлада Албарса со 3:2.  Генерацијата 2007 година во финалето по изведување на пеналите го совлада составот на Кул и се закити со пехарот. Победа од 5:0 оствари генерацијата 2008 година во финалето против Милано. Оваа екипа беше предводена од тренерот Владимир Колев. 

Исто така Вардарци собраа и индивудални награди во овие категории:

2006 – Најдобар Стрелец: Алтин Алију (Вардар); Најдобар Голман: Андреј Данстак (Вардар)

2007 -  Најдобар Голман: Антонио Пишевски (Вардар)

2008 -  Најдобар Голман: Лука Грчевски (Вардар)

понеделник, 27 мај 2019